Asset Publisher

Einzeltitel

Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија

Анализа

Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за правни истражувања и анализи имаат чест ја презентираат заедничката анализа „Чист воздух – основно човеково право или неостварливи обврски за општините во Северна Македонија“.

Asset Publisher

Анализата дава осврт на состојбата во која се наоѓа Република Северна Македонија во сегментот на квалитет на амбиентниот воздух. Покрај тоа што во земјата постои политичка заложба за почитување на стандардите за квалитет на воздух, сепак, отсуствува одговорноста за спроведување на оваа заложба во пракса. Анализата прави осврт на правната рамка која е очигледно хармонизирана со меѓународните стандарди, почнувајќи од одредбите кои се дел од уставните темелни вредности и правото на здрава животна средина, преку Законот за квалитет на амбиентен воздух и неговите подзаконски акти и надлежностите предвидени со Законот за животна средина, Законот за локална самоуправа и Законот за Градот Скопје. Во иста насока, анализата прави осврт и презентација за обемот на надлежности кои општините и Градот Скопје го имаат во делот на квалитетот на амбиентниот воздух. Притоа, анализата прави преглед на институционалните капацитети преку кои е видливо дека воопшто не се исполнети уставните и законските обврски кои ги има државата поради тоа што не ги обезбедува потребните институционални капацитети и услови за општините и Градот Скопје во извршување на надлежностите во сегментот на квалитет на амбиентен воздух. Анализата врши преглед на постоење  плански документи за квалитет на воздух и на човечките капацитети на секоја општина и Градот Скопје, односно дали општината има назначено лице кое ги следи состојбите и кое е одговорно за спроведување на планските документи за квалитет на воздух. Прегледот укажува на делумно исполнување на надлежноста за донесување  плански документи, додека во делот на човечките ресурси скоро ниту една општина нема обезбедено лице или лица за следење на состојбите и кое е одговорно за спроведување на планските документи за квалитет на воздух.

Покрај анализата на легислативата, планските документи и капацитетите на општините и Градот Скопје, авторите на оваа анализа спроведоа интервјуа со претставници на институции, експерти, адвокати, и претставници од граѓанскиот сектор, МАНУ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со цел да се добие целосна слика за состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух и надлежностите на државата и локалната самоуправа, при што беа потврдени првичните согледувања презентирани во анализата.

На крајот, анализата предвидува Патоказ на активност за подобрување на квалитетот на воздухот во општините/Градот, каде се презентирани три клучни чекори. Првиот се однесува на исполнување на обврската на Владата на РСМ за донесување  Национален план за чист воздух. Вториот чекор се однесува на исполнување на обврската на државата да обезбеди институционални капацитети во општините и Градот Скопје со цел да се обезбедат минималните капацитети за исполнување на нивните надлежности, додека третиот чекор е во поддршка на вториот чекор и се однесува на обезбедување  финансиски средства во буџетите на општините и Градот Скопје за спроведување на надлежностите во сегментот на квалитет на воздух.

Оваа анализа има за цел да даде преглед на состојбата со квалитет на воздух како на локално ниво, но и да укаже на неопходните чекори кои може да бидат иницирање на процесот за обезбедување  ефикасно, ефективно и економично спроведување на надлежностите на општините и Градот Скопје во сегментот на обезбедување  квалитет на воздух со што ќе им се овозможи на граѓаните во целост да живеат во средина во која ќе имаат чист воздух,  а со тоа и повисок квалитет на живот.

 

На почеток

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher