Asset Publisher

Публикација

Перцепции на граѓаните за Еврејската заедница и Евреите во Република Северна Македонија

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за политички истражувања-Скопје и Интернет порталот Религија.мк спроведоа ново истражување на јавното мислење, дел од проектот за анализа на перцепцијата на јавноста за односот на религијата во мулти-религиски општества.

Asset Publisher

На почеток

Поголемиот дел од македонската популација има ограничени познавања за еврејската религија, односно јудаизмот, покажува последното истражување „Перцепции на граѓаните за Еврејската заедница и Eвреите во Република Северна Македонија“, спроведено од Институтот за политички истражувања–Скопје, интернет порталот Религија.мк и Фондацијата Конрад Аденауер.

Истражувањето покажува дека перцепцијата на граѓаните за македонските Евреи е исклучително позитивна, при што најголем дел од граѓаните имаат основни познавања за Еврејската заедница, сметаат дека таа има позитивна улога во општествениот живот, македонските Евреи имаат позитивна улога за државата односно тие ја почитуваат и се нејзини лојални граѓани.

На прашањето „Каква е улогата на Еврејската заедница во општественото живеење во Р. С. Македонија“, 34,9% одговориле позитивна, 15,5% до некаде позитивна. Над половина од испитаниците се изјасниле и дека улогата на Евреите во земјата е позитивна.

Најголем дел од граѓаните сметаат дека Евреите немаат привилегиран статус туку ги имаат истите права како и сите останати граѓани, а дека државата има направено доволно за Еврејската заедница во земјата. Високи 64% од анкетираните сметаат дека Евреите се лојални државјани на Република Северна Македонија.

Истражувањето покажува дека доминираат одредени стереотипи за еврејскиот народ карактеристични не само за Република Северна Македонија туку и на европско па и глобално ниво. Првите асоцијации со кои се поврзуваат Евреите се холокаустот како и моќ и материјални добра, кои соодветствуваат со одредени стереотипи како резултат на глобалните историски наративи.

Иако околу третина од испитаниците знаат што е антисемитизам, повеќето не се запознаени со точната дефиниција на поимот.

Голем дел од граѓаните се запознаени со холокаустот кој им се случил на Евреите во втората светска војна. Високи 66% од граѓаните сметаат дека холокаустот се случил, додека само 9% имаат мислење дека немало холокауст.

Истражувањето покажува дека македонските државјани ги прифаќаат Евреите и како пријатели (73.3%), како колеги (73.1%), но и како членови на семејство (58,8%).

Високи 64.6% испитаници сметаат дека Евреите имаат и учествуваат во градење меѓуверски соживот во државата. Испитаниците, или 31.2% од нив, сметаат дека православните христијани се најголеми пријатели на Евреите во земјата.

Повеќето испитаници сметаат дека постои светско еврејско лоби без притоа да се дава каква било конотација, било да е таа позитивна или негативна, што се забележува и од одговорите на последното прашање каде најголем дел од испитаниците не веруваат во одредени тврдења или инсинуации дека токму Евреите се тие кои што го контролираат светот. Ова е во целосна корелација со позитивните перцепции кои македонските граѓани ги имаат за Евреите и Еврејската заедница, а кои се нотираа во претходните сегменти од истражувањето.

Интернет порталот Религија.мк, Институтот за политички истражувања - Скопје заедно со Фондацијата Конрад Аденауер го реализираа ова најново истражување на јавното мислење од повеќегодишниот проект кој ја анализира перцепцијата на граѓаните во врска со влијанието на религијата во мулти-конфесионални општества. Станува збор за уникатно и прво вакво истражување на јавното мислење во Република Северна Македонија.

Истражувањето е спроведено на крајот на септември 2024. Анкетата е направена помеѓу полнолетни испитаници на национално ниво. Во него беа вклучени 1074 испитаници со задржување на генералниот сооднос во поглед на базичните демографски карактеристики како пол, возраст, професија и образование. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher