Asset Publisher

Работилница
Ausgebucht

Создавање европска Општина Ново Село - Политика на интегритет за 0 корупција

Обука

КАС во соработка со Правниот факултет „Јустинија Први“ и Општина Ново Село на 16 мај 2023 година во Ново Село организираат еднодневна обука наменета за општинската администрација. Во рамки на оваа обука исто така ќе бидат промовирани и Студијата и Прирачникот за интегритет во Општина Ново Село кои што беа изработени во рамки на втората фаза од проектот „Создавање европска општина: политика на интегритет за 0 корупција“.

Asset Publisher

На почеток

Details

Creating a European Municipality of Novo Selo

Проектот има за цел да придонесе за натамошно унапредување на интегритетот и на културата на законитост во општината.

Изминатите месеци, експерти од Правниот факултет спроведоа повеќеслојни истражувања на нормативните и на практичните аспекти на работата на општината Ново Село кои резултираа со изработка на студија, како и прирачник во кој се содржани конкретни предлози за натамошно унапредување на транспарентноста и на отчетноста на оваа единица на локалната самоуправа.

Настанот ќе биде отворен од страна на Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Сашо Георгиевски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Ѓорѓе Божинов, Градоначалник на Општина Ново Село.

Обуката ќе биде реализирана од експертот од Правниот факултет, професорот Александар Спасеновски. Во рамки на обуката свое излагање ќе има и Стефан Андоновски, Член на Советот на Град Скопје.

Фондацијата Конрад Аденауер, како во минатото, така и во иднина заедно со своите партнери продолжува со реализација на најширок спектар на активности во функција на унапредување на вкупните демократски состојби во државата.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Ново Село
Ново Село
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Александар Спасеновски
    • Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“
  • Стефан Андоновски
    • Член на Советот на Град Скопје

Publikation

Создавање европска Oпштина Ново Село: Политика на интегритет за нула корупција: Студија за интегритет и Прирачник за интегритет
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Faculty of Law - Skopje
Coat of arms of Municipality of Novo Selo