Целта на оваа публикација е подетално да се истражат можните полиња за примена на механизмот „Phasing-In“. Препознавајќи го големиот потенцијал на позитивната условеност за забрзаните реформи во Западен Балкан, „Phasing-In“ се сфаќа како алатка која може да обезбеди средни награди во процесот на пристапување и на тој начин да обезбеди опипливи придобивки и за властите и за пошироката јавност, но во исто време да се обезбеди забрзана интеграција во реални услови.