Овој учебник има за цел да даде преглед на најчесто користените управувачки техники и системи кај процесите во животната средина, при што сериозно помагаат да се одржи животната средина почиста и сите нејзини мерливи и немерливи параметри да се во согласност со новите регулативи, иницијативи и планови. Потребата за ангажирање на системи за управување во животната средина се јавува кај примена на нови техники за прочистување на животната средина, при примена на нови построги регулативи, при намалување на трошоците за примена на нови технологии за одржливост на животната средина, донесување на подобри оперативни и инженерски одлуки, порана детекција на проблеми како и побрза реакција при итни случаи прилагодени на новите трендови во политиките во животната средина.
Едно поглавје е посветено на важноста на Берлинскиот процес (како дипломатска, но и иницијатива од областа на животната средина), како и Зелениот договор, како иницијатива на Европската унија да ја направи сопствената економија поодржлива.
Публикацијата е продолжение на серијата издадени учебници и монографии од областа на животната средина поддржани од Фондацијата Конрад Аденауер, давајќи придонес кон унапредување на високото образование во Република Северна Македонија.