Mеѓународниот уредувачки одбор се обиде да направи избор на текстови што се надеваме ќе наиде повторно на Ваш интерес. Во текстовите авторите се обидуваат да одговорат на многу комплексни прашања како:
-
Дали ЕУ успева „да го научи јазикот на моќта„?
-
Дали и колку идентитетот на етничките групи поседува апстрактен, субјективен, флуктуирачки, зависен и променлив карактер?
-
Дали е возможна коегзистенција на националниот и европскиот идентитет во поврзана, компатибилна структура?
-
Колку Балканот е центар на цивилизациите, каде тие се спојуваат, комуницираат и изнаоѓаат решенија, а не е место кад цивилизациите се вкрстуваат и судираат?
-
Каква е улогата на меѓународната заедница во решавањето на мултикултурните прашања?
-
Колкаво е влијанието на геополитиката во седумдесеттите години на ХХ век врз проширувањето на Европската заедница со Грција?
Ви посакуваме пријатна лектира!