Asset Publisher
Можност за практикантска работа во КАС канцеларијата во Скопје
Asset Publisher
Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Република Северна Македонија им нуди на заинтересираните студенти можност да се запознаат со меѓународната работа на Фондацијата Конрад Аденауер и прилика да работат на некои од нашите проекти за време на нивната практична работа. Потребно е да имате разбирање а воедно и да покажете особен интерес за различните политички контексти. Подетално познавање на македонската политика, општество и економија се смета за предност. Практикантите треба да поседуваат интерес за живеење во странска земја и добро познавање на македонски и/или албански јазик. Поради работата во мал тим, кандидатите треба да бидат тимски ориентирани и високо посветени, што вклучува, на пример, учество на вечерни и викенд настани на КАС и нејзините партнерски организации.
Ве молиме испратете ја вашата апликација (мотивациско писмо, кратка биографија-CV, препораки) во една .pdf датотека на skopje@kas.de.
Кои сме ние?
Слобода, правда и солидарност се основните принципи во основата на работата на Фондацијата Конрад-Аденауер (КАС). КАС е политичка фондација, тесно поврзана со Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ). Како ко-основач на ЦДУ и прв канцелар на Сојузна Република Германија, Конрад Аденауер (1876-1967) ги обедини христијанско-социјалните, конзервативните и либералните традиции. Неговото име е синоним за демократската обнова на Германија, цврстото усогласување на надворешната политика со трансатлантската заедница на вредности, визијата за обединета Европа и ориентацијата кон социјалната пазарна економија. Неговото интелектуално наследство продолжува да служи како наша цел, но и наша обврска денес. КАС ја отвори својата канцеларија во Северна Македонија на 1 јули 2000 година, настојувајќи да ја поддржи земјата во зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и промовирањето на меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог, како и слободата на медиумите. Сите проекти се осмислени и реализирани во тесна соработка со партнерските организации и државните институции.
Што нудиме?
За време на вашата практична работа кај нас, ќе се запознаете со меѓународната работа на политичка организација во различни области. Ние високо цениме независен ангажман во мал и посветен тим.
- Во Северна Македонија, КАС работи на различни теми како што се: политички дијалог, граѓанско образование, евроатлантски интеграции, меѓурелигиски дијалог и слобода на медиуми.
- Дознајте повеќе околу планирање и спроведување на проекти
- Добијте нови знаења во врска со подготовка и организација на настани
- Помогнете ни со истражување и анализа, како и научете да пишувате извештаи за актуелни теми
- Поддржете нè во контактите со медиумите во динамична медиумска средина
- Дознајте повеќе за работата со социјалните медиуми
По завршувањето на практичната работа, успешните апликанти ќе добијат сертификат за извршена практикантска работа.
Кои се вашите квалификации?
- Идеално, вашето поле на студирање одговара на нашите главни области на работа во Северна Македонија
- Нашите работни јазици во канцеларијата се германски и англиски. Неопходно е да можете да ги зборувате на конверзационо ниво. За извршување на работните обврски потребно е познавање на македонски и/или албански јазик.
- Веќе треба да сте во понапредна фаза со вашето студирање (најмалку втор семестар на додипломски студии)
- Имате добро познавање на вообичаените Офис алатки и знаете да работите со компјутер
- Имате изразена подготвеност за учење и исто така сте подготвени да работите на теми кои се нови за вас
- Претходно работно искуство се смета за плус, но не и неопходен критериум
- Со нашата програма за практикантска работа ќе бидете во можност да престојувате најмалку три месеци, можеби и подолго.
- Апликациите се прифаќаат во текот на целата година.
Кога е следниот слободен термин?
Моментално може да аплицирате за практикантска работа која почнува од 2024 година.