Меѓународниот уредувачки одбор на списанието Политичка мисла објавува:
Повик за трудови
“Политичка мисла” е списание за политички и општествени теми. Меѓународниот уредувачки одбор објавува повик за трудови за 61. издание на списанието во полето на политички дијалог и култура, предизвици од областа на економијата и заштитата на животната средина со фокус на локално ниво, репрезентативна демократија. Заинтересираните автори може да ја обработат темата од македонска, регионална или меѓународна перспектива.
Краен рок за доставување на целосниот труд е 28. Март 2021. Трудовите може да бидат доставени на македонски и англиски јазик. Сите трудови кои ќе бидат прифатени ќе бидат предмет на академски преглед.
Сите текстови треба да се во склад со стандардите за публикување трудови на списанието “Политичка мисла”.
Трудовите да се достават по емаил до:
Sandra.Koljackova@kas.de
Уредувачки одбор на
“Политичка мисла”