Asset Publisher

Публикација

Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки

Истражување

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА објавија заедничка публикација на тема “Кинеското влијание врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“.

Asset Publisher

На почеток

Оваа студија го анализира влијанието од присуството и активностите на Кина врз процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ). Од Самитот во Солун во 2003 година, само Хрватска успеа да ѝ се приклучи на ЕУ, додека другите земји од регионот останаа кандидати за членство, со мали изгледи да станат членки до 2030 година. Истражувањето анализира како кинескиот пристап влијае на конкретни резултати, истовремено поддржувајќи и поткопувајќи го процесот на пристапување во ЕУ, поглавје по поглавје. Исто така, ги истражува причините за таквите резултати, вклучувајќи го кинескиот пристап, домашното постапување и геополитичките фактори. Целта е да се направи сеопфатна и меѓудржавна анализа на кинеското влијание во регионот и да се идентификуваат областите каде што земјите од Западен Балкан можат да ги елиминираат или минимизираат негативните последици или да ги искористат потенцијалните синергии, сè со цел да се разбере меѓусебното влијание помеѓу пристапот на Кина и процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Промоцијата во форма на панел дискусија се одржи на 18 октомври во Министерството за надворешни работи. 

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher