Asset Publisher

Публикација

Основи на безбедност - Концепциски безбедносни пристапи

Универзитетскиот учебник

Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат универзитетскиот учебник со наслов „Основи на безбедност - Концепциски безбедносни пристапи” во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје.

Asset Publisher

Сподели

Публикацијата претставува сложен научен труд кој се темели на широко разработена теориска рамка на истражување на безбедносните концепти поткрепена со систематско собирање на факти и последователна нивна анализа кои се употребени  во презентацијата и развојот на безбедносните концепти.

Во универзитетскиот учебник се нагласува дека безбедноста е комплексен феномен и, во суштина не само поради неговата недостижна природа и содржина со оглед на времето и местото во кое се дискутира за него, туку, исто така, поради фактот што дискусијата за безбедноста е неизбежно поврзана со други категории: страв  (за физички опстанок), отсуство на структурно насилство, мир, благосостојба и стабилност. Како политичка концепција, безбедноста очигледно е предуслов  за постоење на живот - индивидуален и социетален и се однесува на отсуство од закани и заштита од нив. Сфаќањето на безбедноста како вроден интерес на секоја индивидуа и на пошироките човечки колективитети - фамилија, општество, нација, држава, меѓународен систем, укажува на потребата од  проширување на концептот на безбедноста кон овие колективитети. Оттука, во теоријата се обликуваат концепти како национална и меѓународна безбедност и, во поново време, индивидуална, социетална и глобална безбедност, што укажува на значајно ширење на нови димензии на безбедноста се наведува меѓу другото книгата.

Во книгата која ќе се изучува на студиите по безбедност, криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност-Скопје на прв, втор и трет циклус на студии  се наведува дека проблемот на националната безбедност треба да се сфати како системски безбедносен проблем во којшто и индивидуите и државите и меѓународниот систем имаат своја дел, и во кој што економските,социјалните и факторите од сферата на животната средина, подеднакво се значајни како политичките и воените.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher