Германија се претставува себеси одлучна да ја зграпчи можноста за европска интеграција, организирајќи го своето претседателство под мотото „Заедно. Да ја направиме Европа повторно силна.“
Овој документ ќе се осврне на приоритетите на германското претседателство во контекст на поширокото ротирање на претседателските тројки. Посебен осврт ќе биде даден на приоритетите на ЕУ од надворешната политика, креирајќи врска со политиката на проширување на ЕУ и идејата за европско обединување каде што треба да се случуваат важни настани - вклучително и презентацијата на преговарачката рамка за пристапување и пакетот за проширување за Северна Македонија (и Албанија).