Mеѓународниот уредувачки одбор се обиде да направи избор на текстови што се надеваме ќе наиде на Ваш интерес. Во текстовите авторите се обидуваат да дадат приказ на мошне актуелни политички теми како:
- Европско самопотврдување и дали на политиката на проширување на Европската унија ѝ е потребна нова динамика;
- Демократска рецесија и важноста од проценка и развој на демократскиот систем, во согласност со потребите и предизвиците на нашето време;
- ОБСЕ и нејзината „хумана“ димензија - За надминатите и новите јазови во Европа;
- Студената војна како историја и сегашност? Основни модели на меѓународните односи пред 1989/90 и денес;
- Во потрага по вистинската доза - за улогата на државните интервенции во времиња на геоекономски натпревар.
Ви посакуваме пријатна лектира!