Asset Publisher

Публикација

Верските заедници и ковид кризата

од Владимир Божиновски, Марјан Николовски
Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за Политички Истражувања Скопје и Интернет порталот „Религија.мк“ ја продолжија соработката на уште една јавна анкета, која има за цел да ја отслика перцепцијата на граѓаните за улогата на верските заедници во време на Ковид-19 пандемијата.

Asset Publisher

Сподели

Ова истражување практично е надоврзување на првичното истражување од април 2020 година, кога се анализираше практикувањето на религијата во услови на пандемија.

Година и половина по првото истражување, идејата за ново сондирање на јавното мислење на оваа тема се наметна како потреба со цел да се добие поцелосна слика околу перцепцијата на верниците за овие прашања, особено што пандемиските кризи и мерките за заштита, честопати се судираа со човековите права и слободи, а со тоа и со верските права на граѓаните, ограничувањата на верските празнувања и слично.

Почетните месеци на пандемијата во 2020 година, имаше многу нејаснотии и голем број реакции на граѓаните околу целокупниот сет мерки за заштита од ширење на вирусот. Во тој блок се најдоа и верските заедници, особено верските објекти, како места за масовни собири. Токму од овој аспект беше потребата од првото истражување кое беше спроведено во април 2020 година.

Овој пат во ова истражување, покрај тоа што има за цел да се прикажат споредбени податоци, има и уште еден аспект, а тоа е вакцинацијата и односот на верниците кон вакцинирањето, како и дали нивната вера и религија влијаела врз одлуките, дали и како се однесувале верските претставници.

Цениме дека овој период помеѓу двете истражувања е доволна добра дистанца за да се види размислувањето на верниците за пандемијата, тогаш и сега, како и да се види нивната перцепција за улогата на верските заедници во услови на пандемија, тогаш и сега.

Резултатите од истражувањето покажуваат интересни споредбени податоци за тоа како верниците и верските заедници се справуваат со вакви кризи, но и она што е поважно како верниците ги перцепираат мерките за заштита од една страна, а од друга страна како ги перцепираат одлуките на верските заедници за вакви кризи.

Самата идеја на ова истражување беше да се анализираат неколку аспекти.

Првиот апсект е пристапот на верските заедници, нивниот однос кон кризата, нивната координираност со здравствените власти и нивниот однос кон верниците во вакви состојби. 

Другиот аспект на истражувањето беше перцепцијата на верниците кон вакцинацијата, односот на верниците и односот на верските претставници кон вакцинацијата.

И третиот аспект на истражувањето е комбинација од прашања од претходното истражување со сет нови прашања кои се однесуваат на пандемијата, односот на самите верници и практикувањето на религијата.

Истражувањето е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1125 испитаници постари од 18 години. Маргиналната грешка е помеѓу +/-3.2% со 95% интервал на веродостојност.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher