Македонско-германските односи можат да се окарактеризираат како исклучително позитивни, како на политички, така и на економски план, без отворени прашања меѓу двете држави. Економската соработка и трговската размена бележат нагорен тренд во изминатите 25 години, пред се благодарение на германските директни инвестиции во Република Македонија, кадешто во над 200 германски компании работат над 20.000 лица а вкупниот износ на директни инвестиции од Германија е 230 милиони евра, со што оваа држава е шести најголем инвеститор во Македонија. Германија е еден од најголемите инвеститори во Македонија, а германските компании бележат позитивни резултати во нивните македонски капацитети.
Публикацијата ќе биде промовирана на II Македонско-Германски форум кој ќе се одржи на 5 октомври во Скопје.