Овој краток документ за јавни политики ќе даде осврт на предизвиците кои Северна Македонија ја очекуваат во претстојниот период почнувајќи од донесувањето на преговарачка рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција за пристапување на земјата во ЕУ, општата ЕУ позиција со нацрт преговарачка рамка и амбиентот во кој се носи таа, како и за домашните условите во кои истата ќе биде пресретната. На крајот, документот содржи заклучоци и препораки за тоа како Северна Македонија би можела да се носи со новонастанатата ситуација.