Официјалниот претставник на КАС Даниел Браун оствари средба со Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Asset Publisher
Публикација
Официјалниот претставник на КАС Даниел Браун оствари средба со Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров
Континуираната поддршка на КАС за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, унапредувањето на политичкиот дијалог, развојот на граѓанското општество и актуелната политичка состојба беа меѓу темите на кои се разговараше на средбата одржан на 11 февруари.
Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на проектните активности на фондацијата, како и за нивно подобро насочување кон поддршката на приоритетните реформски процеси. Воедно беше реафирмирана поддршката на КАС за перспективата на земјата за членство во ЕУ.