Seminar
Details
Обуката ќе биде фокусирана на градење на капацитетите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ земајќи ги во предвид економските, политичките и општествените предизвици со кои се соочува земјата.
Заедно со пратеници од германскиот Бундестаг, како и истакнати странски и домашни експерти, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе развиваат стратегии за комуникација и политички дејствување во контекст на практиките на современата европска центар-десница.
Настанот ќе го отвори Даниел Браун, Официјален претставник на КАС.
Воведни излагања ќе дадат Пратеникот во германскиот Бундестаг Петер Бајер, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска и Раководителот на Партискиот истражувачко-аналитички центар ”Љубиша Георгиевски” Стефан Андоновски.
Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот.
Partner
![Logo Ljubisha Georgievski](/o/adaptive-media/image/12948213/hd-resolution/%D0%9B%D0%BE%D0%B3%D0%BE+%D0%9F%D0%98%D0%90%D0%A6.png?t=1622043253206)