Asset Publisher

Veranstaltungsberichte

Конзервативни народни партии

Градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ

На 06 ноември претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје ја организираше конференција “Конзервативни народни партии - градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ”.

Asset Publisher

На почеток

Градењето мостови на соработка е еден од клучните приоритети на Фондацијата Конрад Аденауер. Токму затоа оваа конференција на политичките партии од десниот центар во земјата претставува важен почеток на еден таков позитивен процес со кој се надминуваат етничките бариери и се поставува основа за плодна соработка во насока на натамошно зацврстување на европската иднина на државата.

Конференцијата ја отворија преку свои видео обраќања официјалниот претставник на КАС во Скопје, Норберт Бекман-Диркес и  Пауло Рангел, Потпретседател на Групата на Европската народна партија во Европскиот парламент. Со свои излагања земаа учество и  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, Претседател на Алтернатива, Африм Гаши и Арбен Кашаху, Меѓународниот секретар на Демократската партија на Албанија.

 

 

 

Asset Publisher

comment-portlet

Asset Publisher