Asset Publisher

Извештаи за настани

Безбедност на онлајн медиуми

Работилница

КАС во соработка со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) организираше тридневна работилница за унапредување на вештините за дигитална безбедност на новинарите насловена како „Безбедност на онлајн медиуми“.

Asset Publisher

На почеток

На работилницата се дискутираа новитетите во работењето на информативните дигитални медиуми вклучувајќи ги и тактиките и најдобрите практики за привлекување поголема публика. Се зборуваше и за практиките на авторските права во онлајн медиумите и дигиталните платформи во Германија како и други актуелни теми со кои се соочуваат медиумските работници во оваа сфера.

Во првиот дел од работилницата свое поздравно обраќање имаше официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун, кој преку видео порака го сподели своето задоволство од заедничката соработка со ЗНМ и ги поздрави учесниците на работилницата. Тој во своето обраќање истакна: ,,Кога зборуваме за безбедност на медиумите, од една страна зборуваме за техничката безбедност, за можностите кои што ги имаме за да гарантираме дека сериозните новинарски извори кои ги имаме  навистина испорачуваат сериозни содржини и дека истите не се обработувани извори и  погрешни информации. Денес има многу технички можности па затоа треба навистина да имаме доверливи извори. Втората тема се авторските права, надоместот за текст, фотографија. Големи дебати се водат за оваа тема во Германија и во ЕУ. Знаете дека големите интернет провајдери имаат поинаква претстава од помалите издавачи, и во овој контекст треба да инстистираме на професионализација на медиумите, т.е. за формулирање на цврсти правила. Теми што ние ги поддржуваме и во Германија и во светот и тука.” рече Даниел Браун во своето обраќање.  

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски пред присутните ја потенцираше важноста и актуелноста на оваа тема и истакна дека ,,Со ваква заедничка соработка со КАС, се трудиме да ги изградиме капацитетите на колегите новинари и медиумски работници кои работат во онлајн просторот. Само преку овие работилници и обуки можеме практично да ги согледаме суштинските прашања во контекст на новите трендови во информативните онлајн медиуми како и алатките кои се од големо значење во однос на безбедноста и заштитата во дигиталниот свет“.

Работилницата ја водеше Борис Ристовски, соработник за веб и социјални медиуми во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), додека пак свои онлајн вклучувања во вториот работен ден имаа и Марион Сендкер, адвокатка и новинарка, поранешен стипендист на Фондацијата Конрад Аденауер која сподели практични примери од Германија и зборуваше за практиките на авторските права во онлајн медиумите и дигиталните платформи. Сендкер ја потенцираше важноста на ваквите настани и актуелните теми кои се од особена важност како за новинарите и медиумите така и за правниците и адвокатите кои се занимаваат со авторското и другите сродни права кои произлегуваат во светот на онлајн медиумите. Исто така се спомена и Директивата за авторското право и сродните права на единствениот дигитален пазар која уредува повеќе прашања, меѓу кои се одредени форми на дигитално користење и распределба на приходите од онлајн дистрибуцијата на содржини заштитени со авторско право и сродни права. Во исто време, беше споделено колку често се среќаваат со авторски права дневно, беше претставена правната ситуација со авторските права во Германија, законот за авторско право, дефиницијата за авторското право, разлика меѓу авторското право и право на користење, повеќекратно користење на текст или слика (онлајн медиум, печатен медиум, соодветна надомест), беше ставен и акцент на договорот со издавачката куќа и како е тоа регулирано. Се зборуваше и за договорите за лиценца (CC), различни типови на вакви договори, ЕУ-директива за авторско право во дигиталниот внатрешен пазар, право на сопствената слика (кога ве има вас или дел од вас на сликата), и во кои случаи може таа да се искористи.

Со своја сесија се претстави и д-р. Кристофер Нехринг, соработник на Фондацијата Конрад Аденауер, Програма за медиуми во Југоисточна Европа на Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Софија кој се осврна на медиумите и тајните служби. Тој се задржа на темата околу мапирањето на сложената врска помеѓу медиумите, тајните служби и дезинформациите. „Во последно време се развива врска помеѓу двата пола на конфликт и соработка. Сé повеќе има соработка и сличност меѓу двете страни отколку што генерално се претпоставуваше. Разузнавачките служби денес, барем во повеќето западни демократии  стануваат поотворени и јавни, при што ПР и односите со јавноста играат важна улога во врска со медиумите. Националниот и нормативен контекст е клучен за односот: колку е поавторитарен политичкиот систем и послабо владеењето на правото, толку повеќе односот меѓу медиумите и разузнавачките служби се навалува кон конфронтација и конфликт. Во демократските држави односот меѓу медиумите и разузнавачките служби е регулиран со нормативни акти на двете страни. Тајноста и доверливоста ја формираат линијата на поделба помеѓу двете институции и помеѓу двата пола на конфронтација/конфликт и соработка и сличност” рече Нехринг.

Делот со обуката се дизајнираше да опфати две главни теми: Новите трендови во информативните онлајн медиуми - кои се тактиките и најдобрите практики за привлекување поголема публика и сајбер-безбедност: дигитална анонимност, приватност и безбедност.

Борис Ристовски ја спроведe обуката во пет сесии, две за првата тема и три за втората тема. За време на сесиите се поттикна дискусија меѓу учесниците кои ги споделија своите искуства размислувања и ставови за темите. Воедно за време на обуката со учесниците сe споделија голем број на конкретни примери од пракса. Целта беше да се задржи рамнотежата помеѓу теоретската основа и практичната употреба на алатките и препораките предложени за време на обуката. За првата тема, фокусот беше на развивање стратегија за проширување на досегот на информациите не само на социјалните медиуми, туку и на користење на други канали за комуникација.

Втората тема опфати два аспекта на сајбер безбедноста: личната безбедност и безбедноста медиумите. Многу практични бесплатни и достапни алатки се споделија со учесниците за понатамошна употреба. На крајот од секоја презентација се споделија препораки за идно истражување и надоградба на стекнатите знаење. Некои од подтемите кои беа опфатени беа профилирање на публика (извори на сообраќај, демографија, однесување, интереси), содржина на доблести наспроти пороци, индекс на читливост, Clickbait VS атрактивен наслов, UX/UI, SEO, задржување / лојалност на корисниците, агрегатори на вести, содржина на социјалните медиуми, алатки за истражување, билтени, идни вести, канали и медиуми, како и вообичаени видови на сајбер напади, безбедност на лозинка, двофакторна автентикација, најбезбедни интернет прелистувачи, провајдери на е-пошта, пребарувачи, VPN, апликации за пораки, заштита на уредите, оперативните системи и веб-локациите.

Реализацијата на ваков тип на обуки се од особена корист на медумските професионалци со цел да стекнат практични знаења како и да ја подобрат безбедноста на своите дигитални платформи. Со ваквите настани се отвара можноста да се разговара за тековните предизвици, но и да се споделуваат идеи за подобрување на состојбата во информативните онлајн медиуми во земјата.

На тридневната работилница која се одржа од 24 до 26 март во Битола, учество земаа новинари од повеќе онлајн редакции од Скопје но и од регионалните центри на ЗНМ. За време на работилницата беа споделени искуства за развојот на новинарството во онлајн просторот, но се зборуваше за проблемите и предизвиците во новинарската професија во овој современ дигитален простор.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher