За време на воведната средба детален приказ на политичкиот и културниот пејсаж на земјата имаше Даниел Браун, официјален претставник на фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија. Во рамки на средбата беше претставена и работата на КАС во Република Косово.
По средбата, групата ја продолжи свокјата студиска посета на Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ и имаше можност да разговара со свештеникот Антонио Апостоловски околу функционирањето на Македонската православна црква во земјава.
Потоа следуваше посета на Здружението на новинарите на Македонија при што групата имаше можност да добие детален увид во работата на организацијата а приликата се искористи за размена на информации во врска со слободата на печатот заедно со Драган Секуловски, извршен директор на Здружението.
Подоцна следеше работен ручек со заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф. За време на овој состанок групата беше информирана за работата на германската амбасада и имаше можност да се дознае повеќе за напредокот кон членството на Северна Македонија во ЕУ.
Во попладневниот дел, беше организирана студиска посета на Мустафа-пашината џамија, а домаќин беше Агрон Војника, лице за односи со јавноста во Исламската верска заедница. За време на посетата беше даден вовед за состојбата на Исламската заедница а исто така се разговараше за можните закани на верски радикализам.
Во рамки на програмата групата присуствуваше на средба со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието. За време на посетата на партискиот штаб на ВМРО ДПМНЕ се разговараше за различни теми како актуелната состојба во Собранието за аспирациите на земјата за членство во ЕУ, партискиот фокус на претстојните избори во земјава, како и разни секојдневните прашања кои се од општествен интерес.
Денот заврши со средба со Јоханес Хајдекер, економски советник на премиерот на Република Северна Македонија. На средбата се разговараше за состојбата со економијата во земјава воопшто, како и за германските инвестиции и трговијата меѓу Германија и Северна Македонија.