Регионалната школа започна со официјално отворање, каде учесниците беа поздравени од Даниел Браун, Фондација Конрад Аденауер и Сандра Пасариќ, Вилфрид Мартенс Центар за европски студии. Организаторите изразија благодарност за присуството на учесниците и ја истакнаа важноста на меѓукултурната размена и соработка во промовирањето на регионалното разбирање и единство.
На првиот ден, Иванка Василевска, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија, одржа презентација на тема „Улогата на пратениците во заштитата на слободите и граѓанските права“. Ова предавање даде важен вовед во законодавните процеси и виталната улога што ја играат парламентарците во заштитата на индивидуалните слободи и граѓанските права во демократските општества. Учесниците активно се вклучија во дискусијата, споделувајќи ги сопствените перспективи и искуствата од земјата од која доаѓаат. Во рамки на дискусијата стана збор за Вештачката интелегенција и човековите права на чија тема Никола Грабар, учесник од Хрватска подготви краток текст (во прилог) за предизвиците и ризиците кои треба да се земат во предвид во употребата на Вештачката интелегенција.
По воведното предавање, програмата продолжи со серија работилници фасцилитирани од Иван Јованов од Младинската асоцијација ЛЕАД, Скопје. Во текот на следните два дена, учесниците имаа можност да се вклучат во четири различни тематски работилни, овозможувајќи им простор за детално истражување и практична примена на дискутираните концепти.
Работилницата насловена како Младите во мултикултурни општества: Истражување на идентитетот и етничката припадност имаше за цел да поттикне подобро разбирање на индивидуалните и колективните идентитети во различни општества. Учесниците се вклучија во конструктивни дискусии, споделија лични искуства и ги истражуваа предизвиците и можностите кои произлегуваат од етничките различности.
Потоа следеше Скопска културна турнеја: Запознавање со мултикултурниот и мултирелигискиот живот во Скопје. Учесниците тргнаа на културна обиколка низ Скопје, главниот град на Северна Македонија. Ова извонредно искуство им овозможи од прва рака да бидат сведоци на мултикултурниот и мултирелигискиот живот на градот. Посетувајќи значајни културни и религиозни локалитети, тие се запознаа подетално со различностите и историското наследство на Скопје.
Следниот ден започна со работилницата насловена како Поттикнување на дијалог меѓу заедниците и размена за поголема младинска инклузивност, која имаше за цел да им ги претстави на учесниците потребните вештини и алатки за олеснување на дијалоот меѓу заедниците. Преку интерактивни вежби, тие развија ефективни комуникациски стратегии за да ги премостат културните поделби и да промовираат инклузивност во нивните општества.
Последната работилница Млади во акција: Промовирање на култура на мир и ненасилство се фокусираше на зајакнување на учесниците да преземат активна улога во промовирањето на мирот и ненасилството во нивните заедници. Учесниците имаа можност да истражуваат различни методи на младински активизам и дискутираа за практични начини како да се иницира позитивна промена во областите погодени од конфликти или тензии.
Во текот на двата дена од програмата, учесниците активно учествуваа во дискусии, ги споделија своите лични перспективи и покажаа високо ниво на ангажираност. Тие имаа можност да работат во групи, разменуваа идеи и ја покажаа својата креативност во предлагањето на иновативни решенија за општествените предизвици.
Работилниците овозможија средина во која учесниците можеа да учат еден од друг, да ги преиспитат однапред усвоените ставови и да ги прошират своите хоризонти. Тие активно ја прифатија можноста да се запознаат со врсници од различни земји кои можат да прераснат во пријателства зајакнувајќи го чувството на регионално единство.
Регионалното школа во Скопје, Северна Македонија, послужи како платформа за меѓукултурна размена, дијалог и личен раст за 20-тина млади учесници од различни земји во регионот. Преку предавања, работилници и културни искуства, тие разговараа за важни теми како што се слободата, граѓанските права, идентитетот, етничката припадност, национализмот, како и младинската инклузивност, дијалогот меѓу заедниците и градењето на кохерентно општество на меѓусебно разбирање и соработка меѓу луѓето од различни етнички и религиозна позадина.