Asset Publisher

Извештаи за настани

Религијата во Образованието

Зошто е важно?

На 12. мај 2021 г. се одржа дискусијата Религијата во Образованието – Зошто е важно?. Оваа дискусија беше организирана во дигитален формат, преку Zoom платформата, од страна на фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Асоцијацијата на професори по етика во религиите. Учество земаа триесетина учесници, професори по предметот Етика во религиите и беше добра можност да се слушнат нивните ставови околу придобивките од верското образование и статусот на самиот предмет во пресрет на најавените реформи во образованието.

Asset Publisher

На почеток

Дискусијата започна со поздравните обраќања на официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, г. Даниел Браун и деканот на Православниот Богословски Факултет “Св. Климент Охридски”, г. Ѓоко Ѓорѓевски и деканот на Факултетот за Исламски Науки, г. Шабан Сулејмани кои ја поздравија иницијативата за организација на ваков настан и уште еднаш ја истакнаа значајната улога на религијата во градењето на соживот  и толеранција во едно мултикултурно и мултирелигиско општество.

Веднаш по воведниот дел започна и панел дискусијата каде учество земаа еминентни предавачи од земјата, регионот и пошироко. Модератор на дискусијата беше г. Александар Спасеновски,  Правен Факултет “Јустинијан Први” кој на самиот почеток даде осврт кон прашањето на воведување верско образование од независноста на државата до денес. Подоцна свое обраќање даде др. Клаудио Кулман, Владин службеник за односи во Епископијата во Ерфурт, Тирингија кој зборуваше за тоа дека верското образование во Германија е регулирано со член 7 од Уставот на државата и дискусијата во јавноста не се води околу потребата од веронаука туку околу прашања од техничка природа како најпрактично да се спроведе истото во одредени случаи. г. Ведран Обучина, секретар на архиепископот во Ортодоксната Старокатоличка провинција Св. Кристофер, Хрватска, зборуваше за новиот тренд на пост-секуларизам во која се наоѓаат земјите при што се врши замаглување на фактичката граница помеѓу секуларното и верското а истакна дека верското образование е засновано на педагогија и истото не индоктринира, догматизира или едуцира верски фанатици туку отсуството на верското образование придонесува за појавата на такви случаи. сестра Ефимија од Асоцијацијата на професори по етика во религиите зборуваше за целта на основањето на асоцијацијата а воедно даде краток преглед на тоа како е организирано верското образование во Европа наспроти промените кои се случуваат во образовниот систем во државата и упати на потребата од дискусија помеѓу надлежните институции и засегнатите страни со цел да се надминат грижите. г. Хајдин Салиу, професор по Етика во религиите исто така ја искажа потребата од верско образование во училиштата како особен допринос кон градење на почит, соработка и дијалог со сите луѓе од различна вероисповест.

Она што следуваше на крајот беше делот предвиден за дискусија, каде беа поставени прашања од страна на учесниците до говорниците на панел дискусијата. Учесниците дадоа свое видување околу  тоа како религијата ги зајакнува достигнувањата во образованието а воедно ги истакнаа своите грижи околу најавената дигитализација на учебниците како дел од актуелните промени во образованието.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Robert Janev

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

robert.janev@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher