Seminar
Details
Целта на тренинг симулацијата е да се појасни институционалниот дизајн на ЕУ со своите специфични процеси на донесување одлуки и различни интереси и позиции во амбициозниот проект на проширување на ЕУ. Низ целата симулација учениците ќе имаат можност да го почуствуваат процесот на донесување на одлуки и преговарање во текот на проширување на ЕУ и со самото тоа да направат свој модел за иднината на Европа. Оваа тренинг симулација ќе биде организирана за учениците на СОУ "Јосип Броз Тито" - Битола.