Преку богатата видео архива за случувањата низ овие 30 години е прикажано влијанието на уставните промени во развојот на државата, граѓанското општество и созревањето на нацијата. Еминентни говорници меѓу кои и претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. Стево Пендаровски, со личен осврт кон случувањата и уставните промени говорат за трансформацијата и за искушенијата низ времето.
Продуцент на филмот е официјалниот претставник на Фондацијата Даниел Браун, продуцент од МРТ1 е Наталија Зафировска, одговорен уредник на МРТ1 e Анета Андонова и уредник на информативна програма на МРТ1 е Стојан Трпчевски. Оригиналната идеја е на проф. д-р Александар Спасеновски и тимот на Институтот за општествени истражувања „МК91“, сценариото е на Дарко Чекеровски, режисер е Кирил Каракаш, директор на фотографија е Светислав Подлешанов, монтажер е Марко Џамбазоски.
Документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ е проект спроведен од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за општествени истражувања – МК91 и Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.
На 17 ноември 2021 година, на денот на одбележувањето на 30 годишнината од донесувањето на првиот македонски Устав, документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“ беше премиерно прикажан на МРТ1.
Документарниот филм е достапен на следните линкови: