Публикација
Оваа студија го анализира влијанието од присуството и активностите на Кина врз процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија (ЕУ). Од Самитот во Солун во 2003 година, само Хрватска успеа да ѝ се приклучи на ЕУ, додека другите земји од регионот останаа кандидати за членство, со мали изгледи да станат членки до 2030 година. Истражувањето анализира како кинескиот пристап влијае на конкретни резултати, истовремено поддржувајќи и поткопувајќи го процесот на пристапување во ЕУ, поглавје по поглавје. Исто така, ги истражува причините за таквите резултати, вклучувајќи го кинескиот пристап, домашното постапување и геополитичките фактори. Целта е да се направи сеопфатна и меѓудржавна анализа на кинеското влијание во регионот и да се идентификуваат областите каде што земјите од Западен Балкан можат да ги елиминираат или минимизираат негативните последици или да ги искористат потенцијалните синергии, сè со цел да се разбере меѓусебното влијание помеѓу пристапот на Кина и процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.
Промоцијата во форма на панел дискусија се одржи на 18 октомври во Министерството за надворешни работи.