Во конкретна смисла, со реализацијата на оваа заедничка активност се влијае позитивно во насока на:
Прво, намалување на можностите за корупција во општините преку детектирање на ризиците по интегритетот и формулирање соодветни мерки за нивно неутрализирање;
Второ, намалување на можностите за грешки во работењето на општините преку детектирање слабости во постапките за донесување одлуки во најширока смисла на зборот; како и
Трето, зголемување на довербата на граѓаните во нивната единица на локална самоуправа.
За да се постигнат овие цели, во рамките на проектот за секоја од општините се изработија два документа:
Прво, Студија за интегритет
Второ, Прирачник за интегритет
Студијата за интегритет претставува анализа во која е претставено функционирањето на единицата на локалната самоуправа од аспект на нејзините клучни надлежности, односно: водењето управни постапки и односи со странки; регрутирањето кадри и управувањето со човечки ресурси; јавните набавки и управувањето со средствата во поширока смисла на зборот, како и други поважни надлежности.
Во Прирачникот за интегритет се предвидуваат мерки за неутрализирање на секој од детектирани ризиците во Студијата.