Единаесеттите по ред парламентарни избори во Република Северна Македонија ќе се одржат на 8 мај 2024 година. Седумнаесет листи на кандидати ќе учествуваат на овие парламентарни избори.
Прирачникот дава преглед за парламентарните избори 2024 година, како и за историјата на парламентарните избори во земјата, изборниот систем и за учесниците на изборите.
По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина.
Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик.
Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната http://izbornaarhiva.mk
Изразуваме благодарност до Програмата за поддршка на изборите на Швајцарската соработка во Северна Македонија, имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), за поддршката и соработката во подготовката на оваа публикација.