Asset Publisher

Извештаи за настани

Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), реализираше тридневна работилница на тема „Вештачката интелигенција во редакциите – предизвици и можности“, која се одржа од 11 до 13 декември 2024 година во Крушево.

Asset Publisher

На почеток

Настанот го отворија официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун (преку видео обраќање) и извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, кои ја нагласија важноста на оваа иницијатива за подобрување на новинарските практики во дигиталната ера. Работилницата привлече новинари, медиумски професионалци и експерти, кои заедно истражуваа како вештачката интелигенција (ВИ) може да се интегрира во редакциите, притоа зачувувајќи ги етичките стандарди и безбедноста на новинарите.

Програмата опфати интерактивни сесии и практични вежби водени од страна на Борис Ристовски, Мартин Петровски и Суад Сефери. Учесниците ги истражуваа основните концепти на медиумската писменост, идентификуваа дезинформации и манипулативни содржини, и ги користеа ВИ алатките за проверка на факти и создавање новинарски содржини. Исто така се разговараше за правните аспекти и етичките стандарди во користењето на ВИ.

Во текот на вториот ден, акцентот беше ставен на правните аспекти и сајбер безбедноста, при што учесниците дискутираа за техники за заштита од дигитални напади, децентрализирани технологии како Web3, и транспарентноста во употребата на ВИ. Оваа сесија отвори нови перспективи за медиумските професионалци, но и ја потенцираше потребата за адаптација на етичките стандарди во новите дигитални околности.

Последниот ден беше наменет за практични вежби каде што учесниците користеа ВИ алатки како ChatGPT и MidJourney за анализа на бази на податоци и создавање оригинални визуелни и текстуални содржини. Работата на реални сценарија им овозможи на учесниците да ги применат новостекнатите вештини и да добијат практичен увид во предностите на дигиталните технологии.

Со оваа работилница, КАС и ЗНМ ја потврдија својата посветеност на зајакнување на капацитетите на новинарите и медиумските професионалци во Северна Македонија. Оваа иницијатива има за цел да овозможи одговорно и иновативно новинарство, кое ќе обезбеди точни, етички и безбедни информации за јавноста, со што ќе придонесе за унапредување на медиумската сфера и демократското општество.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Über diese Reihe

Die Konrad-Adenauer-Stiftung, ihre Bildungswerke, Bildungszentren und Auslandsbüros bieten jährlich mehrere tausend Veranstaltungen zu wechselnden Themen an. Über ausgewählte Konferenzen, Events, Symposien etc. berichten wir aktuell und exklusiv für Sie unter www.kas.de. Hier finden Sie neben einer inhaltlichen Zusammenfassung auch Zusatzmaterialien wie Bilder, Redemanuskripte, Videos oder Audiomitschnitte.