Седмите по ред локални избори од независноста на Република Северна Македонија ќе се одржат на 17 октомври 2021 година. На изборите ќе се избираат градоначалници и советници на 80 локални самоуправи и Градот Скопје. На овие локални избори има вкупно 299 кандидати и 10 635 кандидати за советници.
Прирачникот дава преглед за локалните избори 2021 година, како и за историјата на локалните избори во земјата, изборниот систем и учесниците во изборниот процес.
По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина.
Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.