Asset Publisher

Публикација

Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија

Истражување

Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА објавија анализата на тема “Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ” во Северна Македонија”, во авторство на д-р Ана Крстиновска.

Asset Publisher

На почеток

Во изминатите неколку години кинеската “мека моќ” бележи пораст, достигнувајќи го четвртото место во светот на Глобалниот индекс на мека моќ. Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, во периодот од 2018 до 2021 година репутацијата на Кина се подобри за 13% и Кина успева да постигне значителни резултати во поглед на позитивно претставување во медиумите во споредба со вложената инвестиција за таа цел.
Какви алатки и тактики користи Кина за да ги постигне овие резултати? Со кои наративи се служи за да го зајакне влијанието на својата мека моќ? И најважно, кои се целите на Кина и влијанието кое до сега е постигнато?

Трудот детално ги опишува алатките и тактиките кои Кина ги користи во Северна Македонија за "управување со вести", "испраќање стратешки пораки" и "градење односи". Тој открива благо позитивна корелација во спроведувањето на стратегиите насочени кон воспоставување долгорочни партнерства и позитивното мислење за теми поврзани со Кина. Севкупно, кинеската репутација е претежно позитивна, особено во поглед на нејзината економија, култура, научен и технолошки развој, а негативна во однос на политичкиот систем и државната контрола врз медиумите. Сепак, поради перцепираниот недостаток на информации, особено веродостојни, објективни и аналитички содржини од македонските медиуми, се чини дека е тешко за пошироката јавност да создаде информирано мислење.

Резултатите и заклучоците од анализата беа презентирани во рамки на панел дискусија која се одржа на 01 декември во хотел Панорамика во Скопје.

Asset Publisher

Контакти

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакти

Daniela Popovska

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

daniela.popovska@kas.de +389 2 3217 075

comment-portlet

Asset Publisher

Asset Publisher