Семинар
Details
Целта на овој настан е да се развие регионален документ со серија од мерки кои ќе бидат насочени кон решавање на предизвикот на Brain Drain (одлив на мозоци) во Западен Балкан. Целиме овој документ да биде поддржан од страна на Владите во регионот.
Настанот ќе вклучи 40 учесници (претставници на институции, граѓански организации и индивидуалци) на возраст од 18 до 35 години кои ќе придонесат за креирање на стратегија преку интензивен дијалог на хакатонот и конференцијата.
Покрај земјата домаќин, учесници од следните земји се поканети да аплицираат: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.
Целосниот повик и апликациската форма може да се најдат во прикачените документи.
Рокот за аплицирање е до 16 април.