Конференција
Details
Настанот особeно ќе се осврне на градење на капацитети на избраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во транспарентното водење на општините, улогата на капиталните инвестиции, како и современите начини на обезбедување на финансирање на проектите во општините. Значаен дел ќе биде посветен и на политиките за заштита на животната средина на локално ниво. Покрај градоначаниците на овој настан ќе земат учество и Секретарите на општините.
Обуката ќе ја отвори Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.