Конференција
Details
Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата.
На настанот ќе земат учество:
Сашко Граматниковски
Декан на Факултетот за туризам, Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје
Кирил Миновски
Поранешен министер за финансии
Јован Андоновски
Вонреден професор по право на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Васко Наумовски
Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 / Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Иван Иванов
Доцент на Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје
Настанот ќе го отворат Давор Пашоски, Фондација Конрад Аденауер; Катерина Јакимовска, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс, Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје и Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91.
Панел дискусијата ќе биде модерирана од Александар Спасеновски, Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Работен јазик на настанот е македонски.
Настанот ќе биде организиран во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот.