Asset Publisher

Конференција

Катедра Аденауер 2022

Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина

На 13 април, со почеток од 11.00 часот на Правниот факултет во Штип, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип организираат хибриден настан „Катедра Аденауер 2022: Безбедност, трговија и меѓународно право - можно влијание од руската агресија врз Украина“

Asset Publisher

На почеток

Details

Cathedra Adenauer 2022: Security, Trade and International Law - Possible Impact from the Russian Aggression on Ukraine

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската инвазија на Украина врз меѓународната безбедност, улогата и моќта на меѓународното право, како и финансиско-економските трендови во Европа и светот.

Со свои излагања на настанот ќе земат учество:

Дејан Маролов

Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Методиј Хаџи-Јанев

Професор на Воена академија - Скопје /

Поранешен воен аташе во Вашингтон

Јован Андоновски 

Вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Кирил Миноски

Поранешен министер за финансии

Настанот ќе го отворат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Димитар Лилков, Центар за европски студии Вилфрид Мартенс; Иван Јорданов, Градоначалник на Штип; Олга Кошевалиска, Декан на Правниот факултет во Штип и Васко Наумовски, Претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 кој ќе биде и модератор на панел дискусијата.  

Работни јазици на настанот се македонски и англиски.

Настанот ќе биде организиран со физичко присуство во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита од корона вирусот и преку платформата Microsoft Teams.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Штип
2000
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Дејан Маролов
    • Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
  • Методиј Хаџи-Јанев
    • Професор на Воена академија - Скопје / Поранешен воен аташе во Вашингтон
  • Јован Андоновски
    • Вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
  • Кирил Миноски
    • Поранешен министер за финансии
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Wilfried Martens Centre for European Studies
MK91 logo
University "Goce Delcev" – Stip