Дискусија
Details
Панел дискусијата на тема „Справување со ризиците - глобализација и зајакнување на европската надворешна политика“ ќе се одржи на 04 октомври 2024 (петок), со почеток во 10:30 часот, во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.
Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:
Петер Баер, Пратеник во Германскиот Бундестаг
Викторија Трајков, Заменик министер за европски прашања
Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
Христина Рунчева Тасев, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Дискусијата ќе биде модерирана од Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Сашо Георгиевски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер, Ана Наливајко, Виш Офицер за проекти при Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Арлинд Зеќири, Претседател на Академијата за Европски интеграции – Скопје.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски (со обезбедено симултано толкување).