Asset Publisher

Семинар

Катедра Аденауер 2024

Проширувањето и Западниот Балкан - Предизвици и можности

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат втората панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Asset Publisher

На почеток

Details

Cathedra Adenauer 2024

Панел дискусијата на тема „Проширувањето и Западниот Балкан - Предизвици и можности“ ќе се одржи на 06 ноември 2024 (среда), со почеток во 10:15 часот, во Офицерскиот дом во Битола.

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.

Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:

Викторија Трајков, Заменик министерка за европски прашања

Горан Илиќ, Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Елена Тиловска-Кечеџи, Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Кирил Миноски, Поранешен Министер за финансии

Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Дискусијата ќе биде модерирана од новинарката Нора Калиќи.  

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондацијата Конрад Аденауер и Анѓела Ангеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Работен јазик на настанот е македонски.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Битола
7000 Битола
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Викторија Трајков
    • Заменик министерка за европски прашања
  • Горан Илиќ
    • Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола
  • Елена Тиловска-Кечеџи
    • Професор на Правниот факултет – Кичево при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола
  • Кирил Миноски
    • Поранешен Министер за финансии
  • Александар Спасеновски
    • Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Васко Наумовски
    • Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Logo - University St Kliment Ohridski - Bitola