Asset Publisher

Дискусија

Катедра Аденауер 2024

Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан

Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Академијата за Европски интеграции од Скопје, ја организираат третата и последна панел дискусија во рамки на Катедра Аденауер 2024.

Asset Publisher

На почеток

Details

24-11-14 Cathedra Adenauer 2024

Панел дискусијата на тема „Регионална соработка и европска интеграција – Агендата на ЕУ за Западен Балкан“ ќе се одржи на 14 ноември 2024 (четврток), со почеток во 11:00 часот, на Правната клиника при Правниот факултет во Штип.  

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.

Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:

Марија Петрушевска, Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ)

Моника Зајкова, Пратеничка (ЛДП)

Ана Никодиновска Крстевска, Проректор за меѓународна соработка и Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Олга Кошевалиска, Деканка на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Дискусијата ќе биде модерирана од новинарката Нора Калиќи

Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Дејан Мираковски, Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Давор Пашоски, Програмски менаџер во Фондација Конрад Аденауер, Катерина Јакимовска, Виш проектен офицер во Центар за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Ангела Анѓеловска, Проектен менаџер во Академијата за Европски интеграции – Скопје

Работен јазик на настанот е македонски. 

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Штип
2000
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Марија Петрушевска
    • Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ)
  • Моника Зајкова
    • Пратеничка (ЛДП)
  • Ана Никодиновска Крстевска
    • Проректор за меѓународна соработка и Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип
  • Олга Кошевалиска
    • Деканка на Правен факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
  • Васко Наумовски
    • Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Александар Спасеновски
    • Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

University "Goce Delcev" – Stip