Asset Publisher

Дискусија

Катедра Аденауер 2023

ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици

На 19 октомври, со почеток од 11.00 часот на Правниот факултет во Штип, Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Академијата за Европски интеграции од Скопје и Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ја организираат „Катедра Аденауер 2023“ на тема „ЕУ и НАТО на Западен Балкан во контекст на новите политички и безбедносни предизвици“.

Asset Publisher

На почеток

Details

23-10-19 Cathedra Adenauer 2023

Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на влијанијата од руската воена агресија во Украина во однос на евроатлантските интеграции во земјите од регионот на Западен Балкан со посебен фокус на Северна Македонија.  

Со свои излагања на настанот ќе земат учество:

Дејан Маролов

Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Моника Зајкова

Пратеничка (ЛДП) / Комисија за европски прашања

Тимчо Муцунски

Градоначалник на Општина Аеродром /

Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Васко Наумовски

Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје

Стефан Василевски

Специјализант по хирургија, Медицински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје / Експерт по јавно здравје

Модератор на панел дискусијата ќе биде Олга Кошевалиска, Деканка на Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Настанот ќе го отворат Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер; Катерина Јакимовска, Виш координатор за настани во Центар за европски студии Вилфрид Мартенс; Дејан Мираковски, Ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и  Арлинд Зеќири, Претседател на Академијата за Европски интеграции – Скопје.

Работни јазици на настанот се македонски и англиски.

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Штип
2000
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Дејан Маролов
    • Професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
  • Моника Зајкова
    • Пратеничка (ЛДП) / Комисија за европски прашања
  • Тимчо Муцунски
    • Градоначалник на Општина Аеродром / Доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Васко Наумовски
    • Професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Стефан Василевски
    • Специјализант по хирургија
    • Медицински факултет
    • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје / Експерт по јавно здравје
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Wilfried Martens Centre for European Studies
University "Goce Delcev" – Stip