Дискусија
Детали
Панел дискусијата на тема „Западниот Балкан и ЕУ перспективите: политичко-безбедносни аспекти“ ќе се одржи на 05 март 2025 (среда), со почеток во 11:00 часот, во читалната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Катедра Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти, претставници на академската заедница, како и носители на политички функции дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми од областа на Европската унија, генералните предизвици со кои се соочува европскиот континент, како и на теми поврзани со проширувањето на ЕУ и регионот на Западен Балкан.
Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:
Марија Петрушевска, Пратеничка (ВМРО-ДПМНЕ)
Моника Зајкова, Пратеничка (ЛДП)
Иван Дамјановски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Васко Наумовски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Александар Спасеновски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Дискусијата ќе биде модерирана од Драган Гоцевски, Професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Настанот ќе го отворат претставниците на организаторите, односно Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Сашо Георгиевски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Катерина Јакимовска, Виш проектен офицер при Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел и Арлинд Зеќири, Претседател на Академијата за Европски интеграции – Скопје.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски.