Промоција на публикација
Details
Нашата заедничка публикација со наслов "Основи на безбедност - концепциски безбедносни пристапи" во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски претставува уште еден од низата универзитетски учебници, кој ќе биде воведен во рамки на наставата по предметите на Факултетот за безбедност - Скопје.
Во рамки на промоцијата на книгата ќе биде организирана академска дискусија на тема "Актуелните безбедносни предизвици и ризици за Северна Македонија и Регионот".
Настанот ќе се одржи на 09 март (среда), со почеток во 12:00 часот во Хотел Хилтон во Скопје.
Настанот ќе го отворат директорот на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденаур во Скопје Даниел Браун и ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски - Битола проф. д-р Сашо Коруновски.
Свои излагања на дискусија ќе имаат:
д-р Виктор Димовски, Директор на Агенција за национална безбедност;
проф. д-р Трајан Гоцевски, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје;
проф. д-р Марјан Ѓуровски, Автор на книгата; Проректор, Факултет за безбедност – Скопје, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола;
проф. д-р Оливер Бакрески, Институт за безбедност, одбрана и мир, Филозофски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје;
Академик проф. Неџат Корајлиќ, (видео обраќање), Факултет за криминалистика, криминологија и безбедносни студии – Универзитет во Сараево;
проф. д-р Марјан Николовски, Факултет за безбедност – Скопје, Универзитет Св. Климент Охридски - Битола.
Дискусијата ќе ја модерира Славица Арсова, главен и одговорен уредник на вести, ТВ Сител.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.
Важна напомена: Безбедносните протоколи за организирање на настани предвидуваат поседување и приложување на потврда за извршена имунизација или за прележан КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски, мерење температура на учесниците при влез во просторијата, дезинфекција на раце и одржување физичко растојание.
За подетални информации можете да ја контактирате канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, на тел. : 02 3217 075 или e-mail: skopje@kas.de.