Asset Publisher

Конференција

Ден на Европа 2022

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел на 19 мај (четврток) со почеток од 11.00 часот ќе го одбележат со повеќе активности од работен и свечен карактер.

Asset Publisher

На почеток

Details

Денот на Европа 2022

Станува збор за целодневен настан со следните активности:

Панел дискусија на тема: „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“. На панел дискусијата се предвидува учеството на високи политички претставници од земјата, претставници на дипломатските претставништва, академската средина, студенти и други чинители од оваа област.

На дискусијата со свои обраќања ќе земат учество:

Н.Е. Дејвид Гир, Амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија

Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадор на СР Германија

Во рамки на панел дискусијата исто така ќе се обратат и

Бојан Маричиќ, Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања

Александар Николоски, Претседател на Националниот совет за евроинтеграции

Арта Биљали-Зендели, Заменик претседател на Комисијата за европски прашања

Моника Зајкова, Член на Комисијата за европски прашања

Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседател на Европско движење, Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфред Мартенс.

Дискусијата ќе биде модерирана од Васко Наумовски, поранешен Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.

Во вториот дел од настанот ќе бидат организирани:

Ораторски натпревар со учество на студенти од поголемите универзитети во Северна Македонија. Темата за ораторскиот натпревар е: „Мојата порака за подобра иднина на мојата земја“ и Квиз на знаење за ЕУ на кој ќе учествуваат исто така студенти од поголемите универзитети во земјата.

На овој настан ќе биде претставена номинацијата за Европската личност на годината која што Европското движење традиционално веќе повеќе од 20 години ја доделува на лица кои ги шират европските вредности во Северна Македонија, но и лица кои ја промовираат земјата во Европа и во светот.

Работни јазици на настанот се македонски, албански, англиски и германски (со обезбедено симултано толкување).

Одбележување на Денот на Европа – 9 Мај ќе се одржи на 19 мај (четврток) со почеток од 11.00 часот во Ragusa Rooftop (Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1).

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Skopje
1000
North Macedonia

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Н.Е. Дејвид Гир
    • Амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија
  • Н.Е. Анке Холштајн
    • Амбасадор на СР Германија
  • Бојан Маричиќ
    • Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања
  • Александар Николоски
    • Претседател на Националниот совет за евроинтеграции
  • Арта Биљали-Зендели
    • Заменик претседател на Комисијата за европски прашања
  • Моника Зајкова
    • Член на Комисијата за европски прашања

Publikation

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај: Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Asset Publisher

Partner

Wilfried Martens Centre for European Studies
European Movement in the Republic of North Macedonia