Конференција
Details
Претставништвото на Фондацијата Конрад Аденауер во Република Македонија во соработка со Европското движење во Република Македонија, Институтот за геостратешко истражување и надворешна политика при Министерство за надворешни работи во Република Македонија и Централно-Европската Иницијатива (ЦЕИ) - Трст, на 20 Септември 2016 година во Скопје организираат меѓународна конференција именувана: „Европските вредности и безбедносните ризици во справување со мигрантската и бегалската криза – Перспективата на граѓанското општество”.
Миграциската и бегалската криза со која се соочуваат европските и балканските земји отвара многу прашања кои се поврзани со социо-економскиот контекст, хуманитарните перспекиви, човековите права, солидарноста, безбедноста и други дилеми. Овие аспекти ќе бидат опфатени со темите што ќе се дискутираат од претставниците на Националните совети на европските движења, претставниците на организациите од граѓанското општество во земјите членки на Централно Европската Иницијатива, како и претставниците од три земји кои не се во корпусот на членки на ЦЕИ, но се сериозно засегнати од мигрантската криза, а тоа се: Германија, Грција и Турција. Исто така на оваа конференција се очекува учество на претставници од државни институции и меѓународни организации кои се инволвирани во процесот на следење на бегалците, како и претставници од академската фела и експерти.