Работилница
Details
На работилницата ќе земат учество новинари и медиумски работници од различни онлајн медиуми во земјата. За време на настанот ќе се споделат знаења и искуства во однос на новите трендови и користење на нови алатки во областа на дигиталната безбедност во онлајн медиумите.
Во исто време целта на работилницата е преку практична работа да се зајакнат капацитетите и знаењата на новинарите и медиумските работници од онлајн медиумите во контекст на онлајн безбедноста.
На работилницата како предавачи ќе земат учество:
Борис Ристовски, Офицер за веб и социјални медиуми во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Марион Сендкер, Адвокат и новинар, поранешен стипендист на Фондацијата Конрад Аденауер
Д-р. Кристофер Нехринг, Соработник на Фондацијата Конрад Аденауер, Програма за медиуми во Југоисточна Европа на Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Софија
Работилницата ќе биде отворена од официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Работилницата ќе има хибриден карактер, со комбинирано физичко присуство и видео обраќања и ќе биде организирана во согласност со сите безбедносни протоколи за заштита на корона вирусот.