Семинар
Details
DEMYC секоја година организира повеќе семинари во различни делови на Европа. На овие средби се дискутира на повеќе различни теми: новите демократии во Централна и Источна Европа и нивниот пат кон заедничката иднина на Европа, Европската Унија и нејзиниот развој кон обединета Европа, дијалогот меѓу Северот и Југот, политиките за животна средина и вработување, иднината на државата на благосостојба, импликациите од воведувањето на нови технологии и многу други теми.
Семинарот на DEMYC е организиран во соработка со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и со поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер и Вифред Мартенс Центарот за Европски студии.