Дискусија
Детали
Дигиталната трансформација и вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе стануваат клучни фактори за развојот на економијата, образованието, правото и општеството во целина.
Фондацијата Конрад Аденауер со задоволство ве поканува да бидете дел од настанот „Дигитална трансформација и вештачка интелигенција - предизвици и можности„ што ќе се одржи на 10 февруари 2025, понеделник во Клубот на новинари Скопје со почеток во 14:00 часот.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.
Ве молиме Вашето присуство задолжително да го пријавите на skopje@kas.de или тел. 02 3217 075 најдоцна до 06 февруари, четврток.
Ќе ни биде драго доколку бидете дел од овој настан.