Дијалог за соработка во областа на европските интеграции и пристапните преговори - КАНЦЕЛАРИЈА НА ФОНДАЦИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Asset Publisher
Дискусија
Ausgebucht
Дијалог за соработка во областа на европските интеграции и пристапните преговори
Со оглед на недостигот на експертиза што реално ќе и недостасува на Северна Македонија во пристапните преговорите, од клучно значење за државата е користењето на експертиза од регионот. Во тој контекст држава која успешно го финализирала овој процес во поновата историја е Бугарија. Имајќи ја предвид новата позитивна динамика на билатералните односи меѓу двете земји, експерти од Бугарија би можеле да имаат позитивно влијание за поттикнување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ преку обезбедување на знаења и искуства. Целта на овој настан е да се отвори дијалог помеѓу претставници од академската сфера, експерти, политичари, новинари како и претставници на невладини организации кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на земјата во пристапните преговори.