Asset Publisher

Работилница
целосно резервиран

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија

Работилница

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) заедно со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) организираат работилница за унапредување на вештините на новинарите во контекст на дезинформации во онлајн медиумите која ќе се одржи од 02 до 04 март 2023 година во Струмица.

Asset Publisher

Сподели

Детали

Disinformation in the online media

На работилницата со наслов „Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија“ ќе земат учество двајца искусни тренери Тоше Огњанов и Сефер Селими кои детално ќе ја обработат темата преку практични примери. Воедно Горан Момировски ќе биде гостин предавач од локален онлајн медиум кој ќе даде примери од локален контекст.

Настанот ќе биде отворен од официјалниот претставник на КАС, Даниел Браун и претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Дезинформациите создадени на онлајн медиумите и општо на социјалните медиуми, е прашање што треба да се реши со консензус помеѓу корисниците и давателите на овие услуги. Сепак, неопходно е да се спречи извртувањето на информациите на социјалните медиуми без да се наштети на слободата на изразување, еден од незаменливите елементи на демократијата.

Целта на оваа работилница е размена на пракси и искуства, кои ќе помогнат како на подобар начин во иднина да се препознаат овие негативни трендови, како и да се понудат конструктивни предлози и решенија за нивно спречување.

Работилницата е наменета за млади, но и искусни новинари кои работат во онлајн медиуми.

Asset Publisher

Внеси во календар

Место

Струмица
2400 Струмица
Северна Македонија

Локација

Говорници

  • Тоше Огњанов
    • Мултимедијален новинар и предавач за мобилно и мултимедијално новинарство
  • Сефер Селими
    • Oсновач и директор на Democracy Lab
  • Горан Момироски
    • Основач и главен уредник на интернет порталот Оhridnews.com

Публикација

Дезинформации во онлајн медиумите – практики и решенија: Работилница
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Партнери

AJM logo