Работилница
Details
Новинари од различни веб портали од шесте регионални центри на Здружението на новинарите на Македонија во Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Битола и Охрид, ќе учествуваат на оваа работилница. Настанот ќе вклучува теоретска и практична работа од областа на етичко известување за време на избори. Учесниците ќе имаат можност да добијат повеќе информации за нормативните и етичките стандарди од локален и меѓународен контекст.
Сите учесници ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства со нивните колеги и да оценуваат определени случаи.