Asset Publisher

Конференција

Ден на Европа 2023

Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај

Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел на 18 мај (четврток) со почеток од 11.00 часот ќе го одбележат со повеќе активности од работен и свечен карактер.

Asset Publisher

На почеток

Details

9 Мај-Денот на Европа

Станува збор за целодневен настан со следните активности:

Панел дискусија на тема: „Иднината на проширувањето на ЕУ – Кои се придобивките за Северна Македонија и Европската унија?“. На панел дискусијата се предвидува учеството на високи политички претставници од земјата, претставници на дипломатскиот кор, академската заедница, студенти и други релевантни чинители.

На дискусијата свое воведно обраќање ќе има Н.Е. Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија.

Во рамки на панел дискусијата исто така ќе се обратат и

Н.Е. Дејвид Гир, Амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија

Н.Е. Ами Ларсон Џеин, Амбасадорка на Шведска

Моника Зајкова, Претседателка на Либерално демократска партија / Пратеничка            

Африм Гаши, Претседател на Алтернатива / Пратеник

Тимчо Муцунски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / Градоначалник на Општина Аеродром

Настанот ќе го отворат Милева Ѓуровска, Претседателка на Европско движење, Даниел Браун, Официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер и Катерина Јакимовска, Виш координатор за настани во Центар за европски студии Вилфрид Мартенс.

Дискусијата ќе биде модерирана од Андреј Лепавцов, Поранешен амбасадор во Европската унија.

Вториот дел од настанот ќе бидат организиран како Младински клуб во рамки на кој ќе се одржат Ораторски натпревар на тема „Зборувам со Европа“, со учество на студенти од поголемите универзитети во Северна Македонија; Младинска дебата на тема „Зборувам со Европа за мојата европска иднина“ како и Квиз на знаење за ЕУ на кој ќе учествуваат средношколци од средните училишта во Градот Скопје.

На овој настан ќе биде доделена и плакетата за Европска личност на годината која што Европското движење традиционално веќе повеќе од 20 години ја доделува на лица кои ги шират европските вредности во Северна Македонија, но и лица кои ја промовираат земјата во Европа и во светот.

Работни јазици на настанот се македонски, албански, англиски и германски (со обезбедено симултано толкување).

Одбележување на Денот на Европа – 9 Мај ќе се одржи на 18 мај (четврток) со почеток од 11.00 часот во Ragusa Rooftop (Катна гаража “26 Јули”, Св. Кирил и Методиј бр.1).

Доколу сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075 најдоцна до 17 мај (среда).

Asset Publisher

Zum Kalender hinzufügen

Veranstaltungsort

Скопје
1000 Скопје
Северна Македонија
Zur Webseite

Локација

Referentinnen und Referenten

  • Н.Е. Стево Пендаровски
    • Претседател на Република Северна Македонија
  • Н.Е. Дејвид Гир
    • Амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската унија
  • Н.Е. Ами Ларсон Џеин
    • Амбасадорка на Шведска
  • Моника Зајкова
    • Претседателка на Либерално демократска партија / Пратеничка
  • Африм Гаши
    • Претседател на Алтернатива / Пратеник
  • Тимчо Муцунски
    • Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ / Градоначалник на Општина Аеродром

Publikation

Ден на Европа 2023: Одбележување на Денот на Европа - 9 Мај
Прочитај повеќе
Контакт

Daniel Braun

Daniel Braun

Официјален претставник на канцеларијата за Северна Македонија и Косово

daniel.braun@kas.de +389 (2) 3217075 +389 (2) 3217076
Контакт

Davor Pasoski

Ansprechpartner Mazedonien

Програмски менаџер

davor.pasoski@kas.de +389 2 3217 075

Asset Publisher

Partner

Wilfried Martens Centre for European Studies
European Movement in the Republic of North Macedonia