Дискусија
Details
Настанот ќе се одржи на 27 септември во големиот амфитеатар на Министерството за надворешни работи со почеток во 12:00 часот.
Оваа панел дискусија ја организираме во рамки на официјалното отварање на т.н. Школа за безбедност 2024, која традиционално ја организираме во изминатите неколку години. Иницијативата има за цел да поттикне соработка и пријателство помеѓу земјите од регионот, нудејќи платформа која на едно место обединува студенти и млади професионалци, како и експерти и претставници од академската сфера од три соседни земји, односно Северна Македонија, Бугарија и Србија, со цел дискусија и размена на искуства на теми кои се од заеднички интерес, како што се прашањата за регионалните безбедносни предизвици и регионалната соработка на ова поле.
Воведни обраќања на настанот ќе имаат на претставниците на организаторите на настанот, односно Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер Даниел Браун, претставникот од Центарот за Европски студии Вилфрид Мартенс Гавин Синот, како и Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Оливер Бакрески.
Свое излагање во рамки на панел дискусијата ќе имаат:
Марија Петрушевска, Пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија; Член на комисијата за одбрана и безбедност;
Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам;
д-р Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА;
проф. д-р Ненад Марковиќ од Правниот Факултет “Јустинијан Први” - Политички студии, Универзитет Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Дискусијата ќе ја модерира проф. д-р Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, кој ќе даде и свое воведно излагање на темата.
Работни јазици на настанот се македонски и англиски, со обезбеден симултан превод.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на настанот потребно е да се пријавите на e-mail: skopje@kas.de или на телефон 02 3217 075 најдоцна до 26 септември (четврток).